Достапни линкови

Сузан Рајс не сака да биде државен секретар на САД


Сузан Рајс објави дека сака нејзиното име да биде повлечено од листата на можни кандидати за функцијата државен секретар на САД. Во писмото упатено до претседателот Барак Обама, Рајс наведува дека таа се повлекува од процесот. Рајс се соочува со проблеми поради нејзини коментари дадени неколку денови по нападот на 11 септември на американската мисија во Бенгази. Обама издаде соопштение во кое вели дека ја прифатил нејзината одлука и е благодарен што таа ќе продолжи да работи како амбасадор на САД во Обединетите нации. Хилари Клинтон планира да се повлече од функцијата државен секретар.
XS
SM
MD
LG