Достапни линкови

САД со нови санкции кон Иран


САД воведе нови санкции кон Иран поради неговата нуклеарна програма. Најновите санкции објавени од страна на Министерството за финансии се однесуваат на седум компании и пет лица обвинети за поддршка на иранската нуклеарна програма. Санкциите вклучуваат забрана за соработка на американските граѓани со овие компании и лица и замрзнување на нивните средства што ги имаат во САД. Западот се сомнева дека Иран ја користи својата нуклеарна програма за тајно да развие нуклеарно оружје, обвинение кое Иран во неколку наврати го негираше.
XS
SM
MD
LG