Достапни линкови

Не е утврдена причината за смртта на турскиот претседател Тургут Озал


Поранешниот турски претседател Тургут Озал

Поранешниот турски претседател Тургут Озал

Точната причина за смртта на осмиот турски претседател Тургут Озал не можело да биде утврдена по ексхумацијата на неговите посмртни останки, соопшти Главното републиканско обвинителство, повикувајќи се на извештај од експертите по судска медицина.

Советот за судска медицина вчера на обвинителството му предаде извештај од аутопсијата, според кој во останките на Озал има присуство на отровни материи, но членовите не можеле едногласно да определат дали отровот е причина за неговата смрт. Според документот, претседателот не починал ниту од инфаркт.

Обвинителството ќе продолжи со истрагата за смртта на Озал. Доколку не биде пронајден доволен, категоричен и убедлив доказ дека Озал бил отруен, истрагата ќе заврши поради недостиг на докази и досието ќе биде затворено. Освен тоа случајот има краен рок до април 2013 година.
XS
SM
MD
LG