Достапни линкови

logo-print

Санадер повторно обвинет за корупција


Петто по ред обвинение за корупција е поднесено против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер поради незаконско стекнување на милиони долари од владина зделка за недвижен имот, соопшти судот во Загреб.

Санадер се товари дека незаконски присвоил пари од владина зделка за откуп на зграда во Загреб. Зградата, која хрватската влада во тоа време ја купила за 13,9 милиони долари, била со вештачки зголемена цена. Се претпоставува дека Санадер од оваа зделка присвоил 3,5 милиони долари.

Тој веќе издржува 10-годишна затворска казна за корупција и моментално против него се води процес за злоупотреба на државни средства преку маркетинг компанија, која била под негова контрола.
XS
SM
MD
LG