Достапни линкови

ДПМНЕ троши, граѓаните плаќаат!


Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија Дарко Давитковски

Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија Дарко Давитковски

Некој конечно мораше да стави крај на ова лудило. СДСМ нема да дозволи државата (читај граѓаните) да влегува во долгови за да може ДПМНЕ да си обезбеди пари за предизборни трошења кои ќе им послужат за продавање магла, пишува за РСЕ Дарко Давитковски - претседател на СДММ.

Толку беше од големите економски реформатори, менаџери и нивниот економски бум во државава. Благодарејќи на нивното менаџирање на државата, буџетот на Македонија стана економски неодржлив. Доказ за тоа секојдневните задолжувања што власти ги прави. Неможноста до сега да се најдат пари во буџетот за основните сервисирања како плати и пензии се должи пред се на недомаќинското трошење на пари од страна на владата на ДПМНЕ за налудничави проекти, роуд шоа, прекумерни вработувања, реклами и криминални тендери.
Сакајќи да излезе од стапицата во која свесно влезе, власта си го најде методот на наоѓање свежи пари за нивните потреби - ПОЗАЈМУВАЈ. За жал позајмициве секојдневни не можам, а да не ги споредам со семејство во криза. Замислите едно семејство кое нема никакви средства и примања, а цело време позајмува пари. Што мислите до кога може да издржи? Додека не дојдат извршители да им го наплатат долгот, најчесто со губење на својот недвижен имот


Сакајќи да излезе од стапицата во која свесно влезе, власта си го најде методот на наоѓање свежи пари за нивните потреби - ПОЗАЈМУВАЈ. За жал позајмициве секојдневни не можам, а да не ги споредам со семејство во криза. Замислите едно семејство кое нема никакви средства и примања, а цело време позајмува пари. Што мислите до кога може да издржи? Додека не дојдат извршители да им го наплатат долгот, најчесто со губење на својот недвижен имот.

Бидејќи Власта долгот кој што го прави не го враќа од свој џеб, останува тој долг да враќаат граѓаните. Оваа корумпирана власт демонстрира однесување по принципот „искористи и фрли“. Тоа го прави со фирмите блиски до власта, партиските послушници на власта, градоначалници, директори и т.н. Исто ќе биде и со народот. Грешките во економијата на оваа власт ќе им останат во наследство на оние кои плаќаат данок: фирмите и граѓаните. А тоа значи повисоки даноци, помалку добра за граѓаните, отпуштања на вработените од јавниот сектор или од прилика тоа што сега го прават Грција, Италија и Шпанија. По грчкото сценарио во кое беше фалскификуван или криен јавниот долг или долгот на некои јавни претпријатија, Министерот за економија Ставрески две години не го соопштува колкав е јавниот дол кон фирмите. Долгот кон странство е уште пострашен ако се земе во предвид дека се зголемил за 1,1 милијарда евра или за цели 89,6 проценти.

Но ако ​погледнеме и подлабоко во суштината на проблемот и ако веќе сме резонирале дека оваа власт доброто на граѓаните не ја интересира, ќе сфатиме дека парите кои сака да ги позајми сега се пари кои треба да бидат искористени за следните локални избори. Паника ги фати кога видоа дека нема да добијат пари кои им се потребни за поткупување на медиуми делење субвенции, привремени вработувања и поткупувања, па во налет на нервозата ја искористија веќе добра познатата тактика на ангажирање за лажни протести на социјалните групи и поединци (сите партиски војници пар екселанс) кои ги спротиставуваат строго против опозицијата, иако решението за маките и проблемите на сите е во рацете на владејачката ДПМНЕ.

Се појавија земјоделците, Владата наводно одвојувала 100 милиони евра субвенции, а вкупното производство во земјоделието е намалено за 30% и освен на рекламите со среќни земјоделци нарачани од ДПМНЕ, а платени со народни пари во кое и место да отидете и прашате како живеат од земјоделие ќе ви речат дека едвај преживуваат.

Потоа се појавија пензионерите. По трошење пари за мртвите односно спомениците, најмногу се мисли за пензионерите. Им се даде дури 500 денари зголемување за пензиите. Еве СДСМ предлага да добијат по 1000 денари зголемување на пензиите. Ајде да видиме дали ќе излезе министерот Спиро Ристовски да каже зашто го одбива амандманот.
Следува ССМ, добро е се огласија. Помислив дека се распуштиле, па нив нигде живи ги нема драго ми е што се загрижени за платите и пензиите, еве нека пишат до Премиерот Груевски сакаме за сите работници повисоки плати за сметка на скапите реклами, спомениците, парковите, панорамските тркала и жалните врби.

Следува ССМ, добро е се огласија. Помислив дека се распуштиле, па нив нигде живи ги нема драго ми е што се загрижени за платите и пензиите, еве нека пишат до Премиерот Груевски сакаме за сите работници повисоки плати за сметка на скапите реклами, спомениците, парковите, панорамските тркала и жалните врби.

Некој конечно мораше да стави крај на ова лудило. СДСМ нема да дозволи државата (читај граѓаните) да влегува во долгови за да може ДПМНЕ да си обезбеди пари за предизборни трошења кои ќе им послужат за продавање магла.

На сите треба да ни биде јасно дека во оваа ситуација граѓаните не губат ништо. И да не се изгласа предлог буџетот, плати ќе има, пензии ќе има, буџетот ќе прејде во времено финансирање и се’ ќе функционира нормално до изборите. Единствено што нема да биде нормално е позајмицата на ДПМНЕ за изборното манипулирање на следните локални избори. Нема да дозволиме како што направија на изборите во 2011 да позајмат 220 милиони евра и да ги искористат за поткуп на гласачи. Ако се решиле да позајмуваат пари нека го направат тоа како ВМРО-ДПМНЕ и тие нека ги враќаат. Граѓаните на Република Македонија не сакаат да ги плаќаат авантурите на власта, посебно не штетата за државата од 87 милиони за која директно е виновен Груевски.
XS
SM
MD
LG