Достапни линкови

Мињон ја поздрави пресудата за Ел Масри


Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан-Клод Мињон, ја поздрави пресудата на Европскиот Суд за човекови права во Стразбур по предметот Калед Ел Масри против Македонија.
Тој изјави дека оваа пресуда залужува да биде наречена како историска затоа што се работи за прво осудување од страна на меѓународен суд, на практиката на илегално
пренесување затвореници во тајни затвори, кои Судот ги смета за присилно исчезнување и на нечовечко однесување. Тој додаде дека судот многу јасно даде до знаење дека таквите практики претставуваат сериозно кршење на Европската конвенција за човекови права.
Македонија според одлуката на Судот ќе мора да му плати на Ел Масри 60.000 евра оштета. Судот со тоа ги прифати аргументите на Ел Масри кој ја смета Македонија како директна одговорна за времето кое тој го помина затворен меѓу 31 декември 2003 и 28 мај 2004 година, по неговото апсење при влезот во Македонија и трансферот во Авганистан.
Калед ел Масри поднесе тужба против Македонија на 20 јули 2009 година.
XS
SM
MD
LG