Достапни линкови

Делавекурас: Добрососедските односи еден од критериумите за преговори


Стотици илјади македонски граѓани секоја година ја посетуваат Грција и Грците одат во Македонија. Луѓето докажаа дека можат да соработуваат а владите на двете земји треба да го следат нивниот пример. Ова го изјави денеска портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас. Тој денеска повтори дека одлуката на Советот во Брисел „ја потврдува европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија“ и додаде дека е јасно оти условите и критериумите за почеток на преговори треба да бидат исполнети, а во нив спаѓаат и добрососедските односи.
XS
SM
MD
LG