Достапни линкови

Лагард ја поздрави одлуката за следна транша за Грција


Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард денеска ја поздрави поддршката на еврозоната за грчкото откупување на јавниот долг и најави дека на почетокот од следната година ММФ треба да ја заврши ревизијата на сопствениот пакет помош за Грција. Во сооштението е наведено дека Грција сега е на пат до 2020 година да го намали јавниот долг на 124 отсто од бруто домашниот производ, а до 2022 година да го намали под 110 проценти од БДП. ММФ и Европската унија, како клучни кредитори на Грција се договорија да и исплатат 43,7 милијарди на Атина во четири транши, за земјата да избегне банкрот.
XS
SM
MD
LG