Достапни линкови

Груевски жали што Македонија не доби датум за преговори


Премиерот Никола Груевски изрази разочарување што Македонија не доби датум за почеток на преговори и дека тоа е пропуштена можност за суштествено да се придонесе кон постабилен Балкан. Тој во својот говор на Самитот на Европските народни партии го поздрави заклучокот со кој проширувањето останува клучна политика на ЕУ и најави уште посилен ангажман на реформите. Груевски истакна дека ова не е прв пат земјата да се соочи со блоката и дека како што вели „ јужниот сосед “ ја фаворизира праксата на непочитување на меѓународното право и на непридржување на преземените обврски.
На Самитот на ЕПП присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Романија Трајан Басеску, како и премиерите на Луксембург , Унгарија, Полска, Бугарија и Грција.
XS
SM
MD
LG