Достапни линкови

logo-print

Расмусен: Режимот на Асад наскоро ќе падне


Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен изјави денеска дека наскоро сирискиот режим на претседателот Башар Ал Асад ќе падне. Тој по средбата со холандскиот премиер Марк Рут во Брисел истакна дека колапсот на режимот е близу, и дека е само прашање на време колку брзо ќе биде урнат. Расмусен ја осуди употребата на проектили при нападот на бунтовниците, со што, режимот на Асад покажува тотална негрижа за народот.
XS
SM
MD
LG