Достапни линкови

Грузија одби да екстрадира осомничен во Русија


Грузискиот обинител соопшти дека парламентарецот Гиви Таргамадзе нема да биде екстрадиран во Русија. соопштението следуваше откако рускиот истражен комитет објави дека по него е распишана потерница поради сомневање дека е организатор на антивалдините протести во Москва на 6 мај. Лидерот на опозицијата Сергеј Удалтов и опозицискиот активист Леонид Развозајев во октомври беа приведени за испрашување поврзно со мајските протести. Полицијата тврди дека Развозајев се предла сам на полицијата и дека признал оти Таргамандзе е финансиерот на анти Кремљ демонстрациите. Тој подоцна го повлече исказот даден во полицијата тврдејќи дека бил киднапиран, мачен и принуден да го потпише тоа признание. Грузиските обвинители соопштија дека не можат да ја извршат екстрадицијата затоа што според уставот не може грузиски државјани да бидат екстрадирани во други земји.
XS
SM
MD
LG