Достапни линкови

Пораката од ЕУ нова гачка за весниците


Весниците се зафатија со анализирање на пораките од ЕУ, но тука се и застојот во Собранието, штрaјкот на лекарите, проблемите со парното.

Јавноста деновиве има нова гачка која прави, барем за три дена, да се заборави дека цените секој ден одат нагоре, дека од петок скопјани можеби ќе немаат парно, дека лекарите штрајкуваат.
Бриселскиот семафор повторно свети црвено - неправда од ЕУ или погрешни политики.
Утрински весник.

Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија.
Протестен марш на лекарите специјалисти од Клинички центри од Македонија пред Владата на Република Македонија.

„Бриселскиот семафор повторно свети црвено - неправда од ЕУ или погрешни политики“, објавува во наслов Утрински, „Партиите разочарани, се бара заеднички јазик“, насловува Дневник, „Бугарија и' забива нож во грбот на Македонија“, пишува Нова Македонија, „Софија го презема кормилото за кочење на Македонија во ЕУ“, и „Бугарија одработи за Грците!“, насловува Вечер. Иако Вечер оди и со малку пооптимистички наслов цитирајќи го Стефано Санино дека „Името не е предуслов, но не може вечно да се пролонгира“.
Собраниска блокада на СДСМ по рецептот на ДУИ - СДСМ е подготвен да оди до крај и да не гласа за заемот од Светска банка, како и за буџетот за следната година кој според нив е скроен за партиски цели.
Ден.


Ден пишува за новиот застој во работата на Собранието: „Собраниска блокада на СДСМ по рецептот на ДУИ - СДСМ е подготвен да оди до крај и да не гласа за заемот од Светска банка, како и за буџетот за следната година кој според нив е скроен за партиски цели“. Утрински вели дека „Владата обвинува за штети, СДСМ пак е против задолжувањата“.

„Ќе не' смрзне ли Топлификација?“, прашува Утрински, по најавите на Макпетрол дека „Топлификација од петок нема да грее“, поради долгот од 3 милиони евра - како што насловува Дневник. Вечер прашува дали компанијата Балкан енерџи груп регистрирана на Кипар станува дел од бизнисот со парното греење.

Дневниот Капитал информира за најавениот штрајк на Инфраструктура од Македонски железници чиј синдикат бара Владата да ја повлече одлуката за прераспределување на вработените во јавните институции.

„Лекарите очекуваат со премиерот да најдат решение за моделот“, информира Дневник, а Утрински за резултатот од средбата на штрајкувачите со премиерот: „Останува плаќањето по учинок за лекарите“. Нова Македонија насловува дека „Штрајкувачите ќе ја прифатат подадената рака од Груевски“, а Вечер како да е против лекарите кои штрајкуваат: објавува долг напис за тоа за што штрајкуваат лекарите во Европа, а за што кај нас, изместувајќи го фокус на проблемот: овде им биле зголемени платите за 20% и здравството добило нова опрема за 100 милиони евра.

И како за крај на овој преглед, почитувани, спијте мирно: јасновидецот Чавковски вели дека на 21 декември нема да има крај на светот, а дека во Новата година Македонија ќе го решела името и ќе влезела во НАТО!, како што објавува Вечер.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG