Достапни линкови

Грција следната недела ќе ја добие новата транша


Министрите за финасии од еврозоната денеска донесоа одлука за деблокирање на новата транша за Грција од 34 милијарди евра, соопшти портпаролот на шефот за еврзоната Жан Клод Јункер. Тој изјави дека состанокот во Брисел е завршен и дека е усвоена одлуката со која исплатата на Атина ќе почне следната недела.
Грција се обврза дека ќе ги откупи своите обврзници од приватните инвеститори во вредност од 31,9 милијарди евра по една третина од нивната номинална вредност и така ќе го намали државниот долг со што ќе исполни клучен услов за добивање на странската помош.
XS
SM
MD
LG