Достапни линкови

Македонија треба да му плати 60 илјади евра оштета на Ел Масри


Европскиот Суд за човекови права во Стразбур заклучи дека Македонија ја прекршила европската конвенција за човекови права во случајот Калед Ел Масри, јавува новинската агенција МИА. Македонија според одлуката на Судот ќе мора да му плати на Ел Масри 60.000 евра оштета. Судот со тоа ги прифати аргументите на Ел Масри кој ја смета Македонија како директна одговорна за времето кое тој го помина затворен меѓу 31 декември 2003 и 28 мај 2004 година, по неговото апсење при влезот во Македонија и трансферот во Авганистан.
Калед ел Масри поднесе тужба против Македонија на 20 јули 2009 година. За случајот Ел Масри, Македонија беше критикувана во Парламентарното Собрание
на Советот на Европа и Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG