Достапни линкови

Сиријски бунотвници се закануваат со напади врз странски амбасади


Украинските медиуми денеска јавија дека киднаперите на украинската новинарка во Сирија се заканиле преку интернет дека ќе ги нападнат украинската, руската и иранската амбасада во Дамаск. Новинарката Анкар Кошниева беше киднапирана во октомври од страна на група која тврди дека е дел од слободната сиријска армија која се бори против режимот на претседателот Башар Ал Асад. Киндаперите побараа 50 милиони долари за нејзино ослободување. Вчера, украинското министерство за надворешни работи побара од сиријските власти да помогнат за нејзино ослободување.
XS
SM
MD
LG