Достапни линкови

Властите во Москва не дозволија да се протестира во сабота


Московските власти не го одобрија барањето на опозицијата за протестен марш во сабота во центрот на градот. Образложението е дека ќе бил нарушен сообраќајот. Маршот е свикан со цел да биде одбележана една година од масовните улични протести по парламентарните избори во Русија, за кои опоззицијата тврди дека не биле фер и демократски. Организаторите очекуваат во Москва да дојдат околу 50 илјади луѓе, а протести во сабота се планирани и во други градови во Русија.
XS
SM
MD
LG