Достапни линкови

Постигнат договор за супервизија на банките од еврозоната


Министрите за финансии од Европската унија постигнаа договор за супервизија на банките од еврозоната од 2014 година. Договорот беше постигнат утринава во Брисел по повеќе од 14 часа разговори и неколку месеци преговори. Според договорот, Европската централна банка ќе има овластување директно да контролира најмалку 150 банки во еврозоната. Комесарот Мишел Барние изјави дека договорот "е голем прв чекор за банкарски сојуз". Договорот сега мора да добие согласност од лидерите на ЕУ, кои денеска го почнуваат дводневниот самит во Брисел.
Европскиот парламент тогаш ќе мора да го одобри договорот за банкарска супервизија. Според упатените, договорот е доказ дека 17 членови на еврозоната, од Германија до Грција, може да се обединат за да се справат со проблемите на Унијата.
XS
SM
MD
LG