Достапни линкови

САД - достоинствено решение за продолжување на македонските евроинтеграции


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

Американскиот Стејт департмент бара од Македонија и од соседите кои стојат на патот на македонските интеграции во Европската унија и во НАТО што е можно поскоро да изнајдат решение за да можат интеграциите да продолжат. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд изјави дека американската поддршка за Македонија останува.
-САД секако остануваат посветени на поддршката за сите држави кои сакаат да се зачленат во НАТО и во Европската унија. Секако, ние не сме членка на ЕУ и од нив зависи како ќе ги носат одлуките за членство. Конкретно во овој случај, веруваме дека Македонија и нејзините соседи треба да продолжат да трагаат кон достоинствено, практично и заемно прифатливо решение на актуелните спорови што е можно поскоро, за вратите да можат да се отворат, изјави Нуланд.
XS
SM
MD
LG