Достапни линкови

logo-print

Панета на средба со Карзаи во Кабул


Леон Панета, по пристигнувањето на аеродромот во Кабул

Леон Панета, по пристигнувањето на аеродромот во Кабул

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета денеска ќе оствари средба со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул. Панета пристигна во главниот град на Авганистан вчера за да разговара со авганистанските власти и американските команданти. Посета на Панета доаѓа во време кога американскиот претседател Барак Обама треба да одлучи колку американски војници да задржи во Авганистан откако меѓународните сили ќе ја завршат својата мисија во декември 2014 година. Официјални лица велат дека Белата куќа разгледува планови кои бараат помеѓу 6.000 и 10.000 американски војници да останат таму за да помогне во одржување на стабилност и да се спречи Ал Каеда и други терористички групи да станат силна сила повторно. Панета веќе одржа состанок со генерал Џон Ален, главен коалициски командант, како и други високи команданти синоќа во Кабул.
XS
SM
MD
LG