Достапни линкови

Турција, Авганистан и Пакистан ќе развиваат транспортна инфраструктура


Турција, Авганистан и Пакистан се договорија да развиваат транспортна и комуникациска инфраструктура, се наведува во соопштение, објавено по завршувањето на тристраната средба на лидерите на овие држави - Абдулах Ѓул, Хамид Карзаи и Асиф Али Зардари.
Средбата на врвот во Анкара е седма по ред и беше посветена на прашања за развој на инфраструктурната основа за соработка.
Најголем придонес во развојот на економската и трговската дејност на трите држави ќе даде физичкото создавање на инфраструктура, пред се транспортот, истакна Ѓул. Освен тоа, на средбата биле разгледани прашања и за безбедноста и борбата против тероризмот.
Донесено е решение за продолжување на постоењето на заедничките програми за воена обука. Тристраните средби меѓу лидерите на Турција, Авганистан и Пакистан се одржуваат од 2007 година. Тие имаат за цел да ги решат проблемите и недоразбирањата меѓу Исламабад и Кабул, а исто така и да ја зајакнат соработката меѓу трите држави.
XS
SM
MD
LG