Достапни линкови

logo-print

Пресечена балканска мрежа за нелегално пренесување имиграти


илустрација, имигранти во селото Лојане

илустрација, имигранти во селото Лојане

Хрватската, босанската и словенечката полиција разбија мрежа за шверц со луѓе, при што уапсиле 45 лица осомничени дека пренесувале нелегални имигранти во земји од ЕУ. Претставник на хрватска полиција Дејан Савиќ изјави дека 18 лица, меѓу кои тројца претставници на царинската полиција, се уапсени во Хрватска, додека босанската и словенечката полиција притворија 17,односно 10 луѓе.
Тој не го потврди бројот на нелегалните имигранти, кои биле префрлени во
Западна Европа од страна на криминалната мрежа. Нелегалните имигранти, главно турски и албански државјани, пристигнале во Хрватска преку Србија и Босна, а од таму им бил обезбеден премин во Словенија. Тие плаќале меѓу 850 и 1.000 евра по човек за оваа услуга, истакна Савиќ.
XS
SM
MD
LG