Достапни линкови

logo-print

Санино: Перспективата на Македонија е напишана „црно на бело“


Со заклучоците на Советот на министри за надворешни работи за Македонија, Скопје е поблиску до Брисел, бидејќи имаме многу јасни временски рамки што треба да направиме од сега до јуни 2013. Ова го изјави на денешната видео прес-конференција директорот на Директоратот за проширување на ЕК Стефано Санино.
Санино додаде дека Брисел го признава суштинскиот напредок во земјата
постигнат во реализирање на реформите и волјата да се стави европската
агенда „во срцето“ на своите активности.

Санино посочи дека прашањето за името од легален аспект не е предуслов за преговори, бидејќи постои Времената спогодба според која земјата може да стане членка под референцата ФИРОМ но тоа има и политички аспект, а тоа е дека работите не може да се пролонгираат вечно . Тој додаде дека тоа што се обидува ЕУ да направи е да се создаде вистински контекст и најдобри услови за надминување на ова прашање, па затоа јасната перспектива е напишана „црно на бело“.
XS
SM
MD
LG