Достапни линкови

Претседателите на Авганистан, Пакистан и Турција на состанок во Анкара


Претседателите на Авганистан, Пакистан и Турција денеска се состанаа во Анкара.
Една од темите на средбата на Хамид Карзаи, Али Зардари и Абдула Ѓул е и самоубиствениот бомбашки напад при кој беше ранет шефот на авганистанската разузнавачка служба. Карзаи директно не го осуди Пакистан за настанот, но изјави дека во ова се инволвирани „долгите раце на Талибанците“ . Исламабад ги отфрли овие тврдење и вети дека ќе помогне во истрагата за расчистување на случајот. Ова е седмата рудна преговори за отстранување на напнатоста меѓу двете соседни земји, во која Турција е во улога на посредник.
XS
SM
MD
LG