Достапни линкови

Европскиот парламент го усвои буџетот за 2013 година


Европскиот парламент денеска го усвои нацрт буџетот за 2013 година во вредност од 133 милијарди евра, под услов земјите членки да гарантираат дека ќе си ги исплатат долговите од 2012 година.
Претседателот на парламентот Мартин Шулц изјави дека усвоениот буџет е двостран, односно дека се однесува на 6 милијарди евра за буџетот за 2012 година наменети за различни програми и нацрт буџет за 2013 година каде што се намалени расходите за 5 милијарди евра. ЕП го одобри нацрт буџетот која земјите членки дадоа писмени гаранции дека во 2013 година ќе обезбедат 2, 9 милијарди евра за исплата на долговите од 2012 година.
XS
SM
MD
LG