Достапни линкови

logo-print

Снегот го преполови охридскиот чинар


Повеќе од 1000 години стариот чинар во Охрид е оштетен.

Повеќе од 1000 години стариот чинар во Охрид е оштетен.

Скршените делови од чинарот веќе неколку дена стојат и чекаат некој од надлежните да се смилува и да ги отстрани. Локалните власти ја префрлаат одговорноста на Министерството за животна средина.

Да знае да зборува, охридскиот чинар ќе има што да каже, велат охриѓани, посматрајќи ја тажната глетка кон можеби најстарото дрво во Македонија и на Балканот. Се претпоставува дека чинарот е стар 1100 години и него го насадил Свети Климент Охридски. Од тежината на снегот дрвото пред неколку дена речиси се преполови.
Без чинарот Охрид би бил многу пуст. Затоа треба да се засади уште еден чинар во корените на стариот чинар. Многу малку земји имаат такви монументи како што е чинарот.

Постарите жители велат чинарот во себе крие многу тајни, само тој и никој друг во Охрид ги преживеал Балканските војни, првата и втората светска војна и многу други војни и окупации.

„Ова е уникатно дрво за Охрид. Јас како дете се сеќавам дека овде доаѓаа најголемите еснафи во Охрид. Имам 80 години и можам да кажам дека е навистина жалосно, но сè има почеток и крај. Се собираа сите овде под чинарот и децата и еснафите“, вели еден охриѓанец.
Ние како општина сакаме да се санираат и останатите два чинари во Воска и во Кошишта кои се во лоша состојба и за нив имаме обезбедено средства. Треба најпрво да се направи статичко обезбедување на дрвото, а потоа санација на делот кој почнува да трули.

„Пишува дека има 1100 години, но сигурно е повеќе и има 1200 години. Ова е најстар чинар, другиот чинар има повеќе од 500 години. Ако се одржуваше немаше да дојде до ова. Немаше интерес за овој чинар, инаку најголемите спомени во Охрид се кријат во овој чинар“, рече друг жител.

Скршените делови од чинарот веќе неколку дена стојат и чекаат некој од надлежните да се смилува и да ги отстрани. Чинарот е и туристичка атракција во Охрид. Речиси невозможна е прошетката низ градот без да застанете и на кратко да одморите под дебелите сенки на лето.

Професорот на факултетот за туризам Науме Мариноски вели дека без чинарот Охрид ќе биде половина град.

„Без чинарот Охрид би бил многу пуст. Затоа треба да се засади уште еден чинар во корените на стариот чинар. Многу малку земји имаат такви монументи како што е чинарот“, вели Мариноски.

За Лазо Наумоски, агроном и екологист, животниот век на едно дрво е 600 години. Требаше да се оди на варијантата да се развие едно ново растение од коренот на чинарот и при тоа да се каже дека тоа ново растение се развива од стариот чинар и е негово продолжение. Она што сега се случува е само негово вештачко одржување во живот“, вели Наумовски.

Вера Раоник од општина Охрид вели дека Чинарот како споменик на природата е под ингеренции на Министерството за животна средина. Тие треба да направат контрола, а потоа да се изврши и соодветната санација за која општината веќе имала одвоено 200.000 денари.

„Ние како општина сакаме да се санираат и останатите два чинари во Воска и во Кошишта кои се во лоша состојба и за нив имаме обезбедено средства. Треба најпрво да се направи статичко обезбедување на дрвото, а потоа санација на делот кој почнува да трули“, вели Раоник.
XS
SM
MD
LG