Достапни линкови

logo-print

Пријателите на Сирија на состанок во Мароко


Претставници на над 120 земји и организации денеска на состанок во Мароко го разгледуваат предлогот за признавање на новоформираната сириска опозициска коалиција како „легитимен претставник“ на сирискиот народ. Во дел од западните медиуми веќе е објавена нацрт верзија на декларацијата која се очекува да биде денеска усвоена. Во неа е наведено дека сирискиот претседател Башар ал Асад го изгубил легитимитетот за да владее со земјата.Американскиот претседате Барак Обама изјави дека Вашингтон ќе ја признае сириската опозиција за која изјави дека е „доволно инклузивна“ и заслужува меѓународно признание. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека aмериканското признавање на сириската опозиција е е контрадикторно со поранешната согласност да се бара политичка транзиција во таа арапска земја.
XS
SM
MD
LG