Достапни линкови

logo-print

Слабиот клупски женски ракомет води до слаба репрезентација


Македонската женска ракометна репрезентација.

Македонската женска ракометна репрезентација.

Ракометарките го забележаа најслабиот пласман во петтото учество на Европското првенство што се одржа во Ниш. Македонија заврши на последното 16 место.

Македонската женска ракометна репрезентација не само што не успеа да ја исполни целта на ЕП во Србија - пласман меѓу првите 12 селекции, туку по убедливите порази од Франција, Шведска и Данска, го забележа најслабиот пласман во петтото учество на собирот на најдобрите на Стариот континент - последно, 16 место со гол - разлика минус 31.
„Тоа е тоа што кај нас во Македонија е послаб клупскиот ракомет. Сите други екипи имаат многу девојки кои играат во Лига на шампиони, а кај нас беше само Јулија Николиќ. Така што, мислам дека е пред сè тоа проблемот, иако потфрливме и со кондиционата и физичка подготовка.

Ваквиот епилог ги разочара домашните љубители на спортот, но и ракометните работници. Тие очекуваа барем порамноправен настап на ЕУРО, но и признаваат дека не се изненадени од болното соочување со вистината на спортот кој е во повеќегодишна криза, пред сè на клупски план.
Архивска фотографија: Македонски навивачи.

Архивска фотографија: Македонски навивачи.


„Тоа е тоа што кај нас во Македонија е послаб клупскиот ракомет. Сите други екипи имаат многу девојки кои играат во Лига на шампиони, а кај нас беше само Јулија Николиќ. Така што, мислам дека е пред сè тоа проблемот, иако потфрливме и со кондиционата и физичка подготовка“, изјави една од нашите најдобри ракометарки од осамостојувањето, првиот стрелец на СП кое пред 15 години се одржа во Германија, Индира Кастратовиќ.
Кога ќе видите дека на терен имате 16 рамноправни противнички играчи, кои другите селектори можат рамноправно да ги менуваат, а нашата клупа за жал не е силна како што се другите, вакво нешто можеше и да се очекува.

Слично размислува и стандардната репрезентативка од крајот на минатиот и почетокот на овој век, Милева Велкова. Според неа, причините за дебаклот во Ниш треба да се бараат и во малиот број квалитетни играчи.

„Кога ќе видите дека на терен имате 16 рамноправни противнички играчи, кои другите селектори можат рамноправно да ги менуваат, а нашата клупа за жал не е силна како што се другите, вакво нешто можеше и да се очекува“, рече Велкова.

Кога на претходно кажаното ќе се додаде дефинитивниот крај на репрезентативната кариера на Јулија Николиќ, како и најавениот ист потег на Тања Андреева, јасно е зошто многумина сметаат дека на женскиот репрезентативен ракомет му претстојат уште потешки денови.

За тоа се свесни и нашите ракометни легенди, кои, сепак, потсетуваат дека и порано имало смени на генерации, а со тоа и падови, по кои сме се враќале на големите натпреварувања. Кастратовиќ верува дека тоа ќе биде случај и по ова ЕУРО, за што адут ѝ се талентираните ракометарки во младите категории.

„Мора да работиме не само пред некое поголемо натпреварување, туку низ цела година, да бараме млади, да има квалитетна работа и да се направи убава стратегија за повеќе години. И веднаш после ЕП, да не оставаме за понатаму, туку после ЕП да се седне да се види што понатаму, да се направи стратегија и да се почне да се работи. Јас сум секогаш оптимист и секогаш постои надеж. Не смееме да паднеме со духот, треба да одиме напред“, додаде тренерот на Вардар.

Според Велкова, пак, и државата треба да се заангажира околу ракометот.

„Ние треба пред сè да имаме доверба во овие деца со кои што работиме и да им дадеме голема поддршка за нешто што ги чека во иднина. Но, мислам дека не треба само ние како тренери и како Федерација, туку треба и некои други малку повеќе да се заангажираат за развој на ракометот во Македонија. Мислам и на самата држава, како што и оваа година почна со ракометната Академија“, истакна Велкова, која во моментов покрај во споменатата Академија, како тренер работи и во својата приватна ракометна школа „Велкова 5“.
XS
SM
MD
LG