Достапни линкови

Земјите од еврозоната ќе разговараат за следната транша за Грција


Европската комисија очекува одлуката за одобрување на траншата финансиска помош за Грција да биде донесена на утрешната седница на Еврогрупата. На утрешната средба на Еврогрупата грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас ќе информира за окупот на грчките обврзници, со што беа инкасирани 31,9 милијарди евра.Грчкиот премиер Андонис Самарас вечерва ќе отпатува за Брисел, каде утре ќе учествува на конференцијата на Европската народна партија и на самитот на Европската унија.
XS
SM
MD
LG