Достапни линкови

Бесими: Доколку се реши спорот за името не е потребен самит за покана за НАТО


Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска изјави дека Македонија ќе продолжи заедно со другите членки на НАТО и партнери во Авганистан да го следи принципот „заедно во, заедно надвор“, што значи се додека таму е НАТО, ќе биде и Македонија. Тој додаде дека се разгледуваат можностите и се прават подготовки за тоа кој и каков ќе биде придонесот на Македонија пост-ИСАФ. Тој коментирајќи ги вчерашните заклучоците на министерскиот состанок во Брисел, истакна без разлика на формалните заклучоци Македонија е одлучна за нејзината евроатлантска перспектива, затоа што не е потребен Самит на НАТО за земјата да добие покана доколку се реши прашањето за името.
По денешната конференција „ „Регионален пост-ИСАФ ангажман - научени лекции и наследството за А-5 државите во идните експедициски мисии“ американскиот амбасадор во Скопје Пол Волерс Македонија е навистина посветена на мисијата на НАТО по 2014 година, што е многу позитивен чекор.
XS
SM
MD
LG