Достапни линкови

Арифи: Добивме јасна рамка за пристапни преговори


По четири години статус кво во процесот на ЕУ-интеграцијата, Советот на министри на ЕУ утврди јасна рамка за пристапните преговори на Македонија која е од суштинско значење за евроинтеграцискиот процес. Ова го изјави денеска вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, по вчерашните заклучоците од министерскиот состанок во Брисел. Таа додаде дека рамката предвидува пристапните преговори да се отворат врз основа на извештајот кој ќе го подготви Европската комисија во првото тримесечје наредната година, со што имплементација на реформите ќе биде предмет на оценка. Арифи истакна дека ЕУ се воздржала од вокабуларот на условување и во извештајот ќе се известува и за добрососедските односи како политички критериум и за напредокот по прашањето за името.
XS
SM
MD
LG