Достапни линкови

logo-print

САД во уште една тајна вселенска мисија


Воздухопловните сили на Соединетите држави лансираа во орбитата беспилотно вселенско летало чија мисија останува тајна. Станува збор за мини шатлот „Икс 37 Бе“ кој беше лансиран од вселенскиот центар Кејп Канаверал на Флорида. Од американските воздухопловни сили одбиваат да ги наведат целите и времетраењето на оваа мисија на леталото кое е управувано од Земјата. Шатлот веќе два пати бил во Вселената, првиот пат во седуммесечна, а вториот во едногодишна мисија.
XS
SM
MD
LG