Достапни линкови

Во Србија приведен Мирослав Мишковиќ


Мирослав Мишковиќ

Мирослав Мишковиќ

Во Србија се приведени Мирослав Мишковиќ, директор на „Делта Холдинг“ и неговиот син Марко, како и уште девет лица кои се сомничат за махинации при приватизацијата на претпријатија за патишта и одреден им е 48 часовен притвор. Тие се сомничат за злоупотреба во постапките при приватизацијата на компанијата за патишта и дека со злоупотреба на службената положба извлекувале финансиски средства и имоти од приватизираните фирми и незаконски собрале имотна корист на сума поголема од 30 милиони евра.
XS
SM
MD
LG