Достапни линкови

Русија изненадена од признавањето на сиријската опозиција


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека американското признавање на сиријската опозиција е контрадикторно со поранешната согласност да се бара политичка транзиција во таа арапска земја. Лавров изрази изненадување од одлуката на Вашингтон да ја прифати новоформираната опозициска коалиција како легитимен претставник на сиријскиот народ. Според него, ваквиот потег значи дека Вашингтон верува дека опозицијата ќе издејствува воена победа врз режимот на претседателот Башар ал Асад. Вашингтон претходно соопшти дека на денешниот меѓународен состанок во Мароко ќе разговара со сојузниците за зголемување на помошта на сиријската опозиција.
XS
SM
MD
LG