Достапни линкови

СЕП: Македонија со јасна европска перспектива


„Советот на министри на Европската унија реши да утврди јасна рамка за пристапниот процес на Македонија која ќе овозможи задржување на динамиката во однос на имплементацијата на реформите и понатамошно придвижување на процесот“, се вели во соопштението од Секретаријатот за европски прашања, по синоќешниот министерски состанок. Рамката, како што се додава во соопштението, предвидува пристапните приговори да се отворат врз основа на извештај кој ќе го подготви Европската комисија во првото тримесечје следната година. „Ова е важен момент за нашата земја кој покажува дека нашата европска перспектива е јасна и дека Македонија има сојузници кои ја поддржуваат во нејзините напори во интеграциските процеси. Но пред се, ова е ден кој треба да не израдува нас и сите граѓани затоа што не само што дава надеж за подобра иднина, туку и докажува дека нашите европски аспирации стануваат реалност, се истакнува во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.
XS
SM
MD
LG