Достапни линкови

logo-print

Лекарите штрајкувачи се сретнаа со премиерот Груевски


На синоќешната средба меѓу премиерот Никола Груевски, министерот за здравство Никола Тодоров и лекарите кои штрајкуваат неколку недели, констатирано е дека може да се разговара за дополнително презицирање на критериумите и листата на бодување од моделот „плаќање според резултатите“.
На средбата потенциравме дека ќе опстоиме на концептот- оние лекари кои ќе работат повеќе да бидат наградени, а оние кои недоволно посветено пристапуваат на работата да им биде намалена платата, изјави по средбата министерот Тодоров.
Дејан Ставриќ од Самостојниот синдикат по средбата рече дека околу мотивите за воведување на овој модел никогаш не спореле, туку само за формата на моделот кој мора да претрпи промени што ќе значи успешно негово спроведување. Тој истакна дека по разговорите во Владата стекнал впечаток оти во делот на моделот ќе има простор за корекции.
Учесниците на средбата биле со заеднички став за продолжување на преговорите и во наредните денови.
XS
SM
MD
LG