Достапни линкови

Филе: Србија може да почне преговори ако продолжи да напредува


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека на состанокот во Брисел е одлучено оти почетокот на преговорите со Србија, доколку го продолжи напредокот, е можен во првата половина од следната година.
„Јасен е планот за Србија. Ако продолжи напредокот, отворањето пристапни преговори со ЕУ е можно во текот на следното претседавање во Унијата“, напиша Филе по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ за проширување на Унијата.
Следен претседавач во ЕУ, од јануари до јули 2013 година, е Ирска.
Филе, претходно, исто така, на профилот на Твитер нагласи дека „членките на ЕУ усвоиле заклучоци за проширување, кои ја претставуваат јасно изразената волја да се одржи налетот на оваа клучна политика на Унијата“.
XS
SM
MD
LG