Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја лансира ракета која носела сателит во орбитата


Северна Кореја објави дека лансирала ракета која успешно поставила сателит во орбитата. И Северноамериканската команда за вселенска одбрана НОРАД соопшти дека системите на САД рано изутринава по европско време детектирале оти Северна Кореја лансирала објект во орбитата на Земјата. Во соопштението се вели дека првата „фаза“ од ракетата паднала во Жолто Море, додека втората во Филипинско Море.
Јапонија соопшти дека ракетата прелетала над Окинава, додавајќи оти лансирањето не може да се толерира.
Во Јужна Кореја е свикан итен состанок на националниот Совет за безбедност. Белата Куќа го осуди лансирањето, нарекувајќи го највисок акт на провокација кој ја загрозува регионалната безбедност.
Денешното лансирање доаѓа по неуспешниот обид во април годинава.
XS
SM
MD
LG