Достапни линкови

САД ја признаа легитимноста на Сирискиот опозициски совет


Американскиот претседател Барак Обама објави дека САД решиле да ја признаат главната опозициска група во Сирија како „легитимен претставник“ на сирискиот народ. Овој чекор значи дека Вашингтон веќе не го признава режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. САД во неколку наврати го повикуваше Асад да ја напушти власта.
Обама, говорејќи во интервју за телевизијата ABC News, рече дека неодамна формираниот Сириски опозициски совет е доволно репрезентативен, односно дека во него има членови од голем број сириски групи и заслужува меѓународна легитимност.
Обама додаде дека по признавањето, советот мора да дејствува одговорно и да ги почитува правата на жените и на малцинствата.
XS
SM
MD
LG