Достапни линкови

Египетската армија нуди преговори на противставените страни


Претседателот Морси и генерал Ал Сиси

Претседателот Морси и генерал Ал Сиси

Шефот на египетската армија Абдел Фатах ал Сиси понуди одржување разговори со опозициските протестанти и со поддржувачите на претседателот Мухамед Морси во обид да се ублажи кризата околу нацртот на новиот устав. Водечката опозициска коалиција сеуште не се изјаснила дали ќе учествува на состанокот. Опозицијата претходно отфрли секаков дијалог се додека не биде откажан референдумот за уставот, кој треба да се одржи в сабота. Муслиманското братство, кое го поддржува Морси, се очекува да присуствува на состанокот.
Ал Сиси изјави дека на средбата нема да има политички дебати, туку целта ќе биде да се промовира египетското национално единство.
Опозицијата го отфрла референдумот, велејќи дека нацрт-уставот ги крати правата на сите граѓани и оти бил некоректно напишан од исламистичките сојузници на претседателот.
XS
SM
MD
LG