Достапни линкови

Чавез опериран во Куба


Претседателот на Венецуела Хуго Чавез заздравува по успешната операција на рак во Куба, соопшти потпретседателот Николас Мадуро. Тој додаде дека операцијата била комплексна и траела повеќе од 6 часа. Мадуро истакна дека 58-годишниот Чавез се одмора во својата болничка соба.
Станува збор за четврта операција на Чавез во Куба во изминатите 18 месеци. Претседателот неодамна изјави дека ракот повторно се појавил и оти мора да оди на операција во Куба.
Чавез, кој е сојузник на Русија, Белорусија и на Иран, беше реизбран во октомври, а во јануари треба да даде заклетва за својот нов мандат.
XS
SM
MD
LG