Достапни линкови

Времето сончево и многу студено


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се движи од минус 13 до минус пет, а дневната ќе биде од минус пет до два степена.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до минус осум, а дневната ќе се искачи до минус два степена.

Особено ниски температури се очекуваат во четврток кога минималната температура ќе се спушти меѓу минус 19 и минус осум степени. Потоа, за време на викендот ќе има мало затоплување придружено со магла по котлините и локални врнежи од дожд.
XS
SM
MD
LG