Достапни линкови

ЕУ - Македонија, ни риба ни девојка


Belgium -- European flags are displayed outside the great hall of the Brussels European Council, 27Jun2012
Belgium -- European flags are displayed outside the great hall of the Brussels European Council, 27Jun2012

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов вечерва ги информира новинарите дека на пролет ќе се процени напредокот на Македонија во сферите на реформите и добросoседските односи, па од тоа ќе зависи дали Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ.

Со оглед на евентуалната одлука на Европскиот совет за отворање на преговори за членство со поранешната југословенска Република Македонија, Советот, врз основа на извештајот што ќе бидат презентиран од страна на ЕК пролетта во 2013 година, ќе го испита спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво, како и преземените чекори за промовирање на добрососедските односи и постигнување на компромисно и взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН.

Ова се вели во петтиот и клучен заклучок за Македонија на министрите за надворешни работи на ЕУ донесени вечерва во Брисел.
Ние сме посебно загрижени за добрососедските односи, а грчките пријатели инсистираат на решение на спорот за името пред почеток на преговорите со ЕУ.
Николај Младенов, министер за надворешни работи на Бугарија.

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, информирајќи ги новинарите, додаде дека Советот ќе го оцени извештајот за Македонија во текот на следното претседателство со Унијата. Младенов ја истакна посебната загриженост за добросеседските односи и инсистирањето на „грчките пријатели“ најпрвин да биде решен спорот за името.

„Ние сме посебно загрижени за добрососедските односи, а грчките пријатели инсистираат на решение на спорот за името пред почеток на преговорите со ЕУ.“
Знам дека Нимиц прави сè што може за да помогне во изнаоѓање на компромисно решение и дека има помош од двете страни, сигурнен сум дека тој ќе изнајде бенефит од новиот јазик кон Скопје, се гледа дека Атина презема мерки, како на пример меморандумот, видов добри знаци и од Скопје и се надевам на позитивна атмосфера за изнаоѓање на заедничко компромисно решение.
Штефан Филе, еврокомесар за проширување.

Доколку оценувањето биде позитивно, Комисијата ќе биде поканета од страна на Европскиот совет без одлагање да достави предлог за рамка за преговори со Република Македонија, во согласност со Европскиот совет во декември 2006 година и воспоставената практика.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прес-конференцијата изјави дека со денешниот состанок се отворија нови можности за земјата, односно се отвори реална шанса на следното преседателствување на ЕУ да се одреди отвaрање на преговорите за членство.

„Иако некои од нас сакаат да видат конкретни датуми, но ако го видите јазикот кој беше употребен, заклучоците кои се донесоа, ако ги видите работите што треба да се направат на крај, сè зависи од земјите канидати, да докажат дека ќе продолжат со своите напори за решавање на задачите.“

Филе ги оцени заклучоците како позитивни, односно дека со нив се отвара реална перспектива за отварање на пристапните преговори во блиска иднина.

„Гледајќи напред, Комисијата ќе почне да работи на извештајот што Советот побара од нас да го подготвиме. Важно е, во оваа смисла, да се задржи моментумот во сите области за да земјата го задржи целосниот потенцијал и за да пристапните преговори можат да бидат отворени во летото 2013 година. Дозволете ми да повлечам дека се надевам дека овој амбициозен јазик на ЕУ ќе биде сфатен како можност да се изнајде взаемно прифатливо решение за прашањето за името и да се затвори ова поглавје што е отворено предолго.“

Тој изјави дека со позитивните заклучоци од состанокот Македонците добија многу.

„Јас не треба да сум загрижен дека не сум добил ништо или многу. Мислам дека оние што добија многу се сите луѓе, сите Македонци и сите народи што живеат во регионот, бидејќи за прв пат е употребен нестатички јазик што создава услови за нестатичко решение на ова прашање.“

Филе, на новинарското прашање каков притисок врз Грција може да се прочита од денешните заклучоци, со оглед на тоа дека за да се реши спорот за името се потребни две земји, а не една, одговори дека гледа оти Атина е посветена кон решавањето на проблемот, а како пример го наведе меморандумот за разбирање.

„Знам дека Нимиц прави сè што може за да помогне во изнаоѓање на компромисно решение и дека има помош од двете страни, сигурнен сум дека тој ќе изнајде бенефит од новиот јазик кон Скопје, се гледа дека Атина презема мерки, како на пример меморандумот, видов добри знаци и од Скопје и се надевам на позитивна атмосфера за изнаоѓање на заедничко компромисно решение.“

Тој по завршувањето на состанокот на својот твитер профил напиша дека земјите членки на ЕУ му порачаа на Скопје дека „реалната и достижна перспектива за отварање на пристапните преговори не треба да се пропушти“.

Во коментарите на Филе на твитер, тој ги споменува Босна, Косово, Албанија, Турција и Србија, но само за Македонија го користи името на главниот град Скопје.

Советот на министри инаку забележува дека дијалогот на високо ниво претставува катализатор за реформите и дека се потребни континуирани напори во тој процес, особено во делот на владеењето на правото, слободата на изразувањето, борбата против корупцијата и меѓуетничките односи.

Советот, во нацрт-заклучоците, го поздравува напредокот во бројни клучни политички области вклучувајќи ја и законската рамка за изборите и јавната администрација, а во однос на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор ја охрабрува владата да продолжи со следната фаза, потсетувајќи дека договорот останува суштински елемент на демократијата и владеењето на право.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG