Достапни линкови

Ѓул:Израел да се врати на преговарачка маса


Турскиот претседател Абдулах Ѓул побара од Израел да извлече поука од гласањето во Генералното собрание на ОН, со кое Палестинците добија унапредување на статусот во светската организација.Тој по денешната средба со неговиот палестински колега Махмуд Абас во Анката изјави дека Израел е голем товар врз грбот дури и на своите поддржувачи, кои ги става во многу тешка ситуација. Ѓул го повика Израел да се врати на преговарачка маса и побара да престане со, како што вели, неприфатливата политика на населување, која е еднаква на игра со огнот.
XS
SM
MD
LG