Достапни линкови

Сириска група се најде на американската „црна листа“


САД ја стави на црната листа за терористички организации бунтовничката сириска група фронт Ал Нусрах опишувајќи ја како подгранок на Ал Каеда во Ирак. Во соопштението на американскиот Стејт Департмент е наведено дека се забранети сите финансиски трансакции и ќе се замрзнат сметките во САД кои се во сопственост на групата. Во продолжение е наведено дека „групата се обидува да се профилира како легитимна сириска опозиција, а фактите покажуваат дека таа е обид на ирачката Ал Каеда да ја киднапира борбата на сирискиот народ за своите потреби.“
XS
SM
MD
LG