Достапни линкови

logo-print

СДСМ бара повлекување на законот за лустрација


Macedonia - Logos of the Macedonian parties VMRO-DPMNE and SDSM - 22Jun2010

Macedonia - Logos of the Macedonian parties VMRO-DPMNE and SDSM - 22Jun2010

СДСМ бара итно повлекување на Законот за лустрација затоа што како што тврдат законот е противуставен и се коси со неколку постоечки закони во државата. Потпретседателката Ана Павлова-Данева изјави дека укажувањата на партијата биле потврдени до Венецијанската комисија на Советот на Европа со одговорот кој го испратиле до Уставниот Суд. Мислењето на Комисијата само го потврдува катастрофалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и нивната желба за демонстрација на сила и политичка пресметка со неистомислениците, изјави Данева.
Во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека опозицијата неправилно го толкува мислењето на Венецијанската комисија со цел манипулација на јавноста. Во продолжение е наведено дека во мислењето нема дека законот е противуставен туку оти има препораки како тој да се усогласи со праксата во неколку други држави од Централна и Источна Европа.
XS
SM
MD
LG