Достапни линкови

Иран: Немаме воена соработка со Северна Кореја


Иран соопшти дека не соработува со Северна Кореја на развој на ракетен систем или нуклеарна програма. Мината недела јапоснките медиуми јавија дека ирански експерти помагаат и даваат техничка поддршка во развојот на ракетниот систем во Северна Кореја. Иранскиот министер за надворешни работи Рамин Мехманпрараст изјави дека обвиненијата се „тотално неосновани“. Тој додаде дека во минатото за време на војната во 1980 година имало воена соработка меѓу двете земји, но по неа таа соработка е прекината.
XS
SM
MD
LG