Достапни линкови

Талески со видео се промовираше за нов градоначалнички мандат


Премиерот Никола Груевски, во придружба на министерот за образование Панче Кралев и градоначалникот Владимир Талески, во Битола ја пушта во употреба новата спортска сала што ќе ја користат учениците од средното училиште „Кузман Шапкарев“

Премиерот Никола Груевски, во придружба на министерот за образование Панче Кралев и градоначалникот Владимир Талески, во Битола ја пушта во употреба новата спортска сала што ќе ја користат учениците од средното училиште „Кузман Шапкарев“

Градоначалникот на Битола со видео спот даде отчет за сработеното. Тој аплицираше за кандидат за градоначалник на интерниот конкурс на ВМРО–ДПМНЕ, но вели дека филмот не е дел од неговата предизборна кампања, туку општински проект за презентација на сработените проекти пред граѓаните.

На три месеци пред локалните избори, по нарачка на општина Битола снимен е филм во траење од 20 минути во кого се промовираат проектите на локалната власт предводена од градоначалникот Владимир Талески. Филмот „Сјајот на Битола“ содржи видео материјали од реконструирани улици, обновени паркови, шеталишта, поставени споменици и други проекти кои Талески ги реализира во двата мантада. Ова на еден начин претставува телевизиска форма на печатениот отчет на општината, публикација на 144 страни испечатена во 6.000 примероци.
Деновиве повторно сме сведоци како градоначалникот Владимир Талески немилосрдно ги троши парите на општина Битола за себерекламирање. Откако виде дека не му успеа приказната со скапата сликовница наречена отчет, Талески направи филм и се расфрла со буџетски пари, во време кога општина Битола тоне во долгови.


Васко Ковачевски, претседател на СДСМ од Битола со критика:
Индустриска зона „Жабени“ во Битола.

Индустриска зона „Жабени“ во Битола.


„Деновиве повторно сме сведоци како градоначалникот Владимир Талески немилосрдно ги троши парите на општина Битола за себерекламирање. Откако виде дека не му успеа приказната со скапата сликовница наречена отчет, Талески направи филм и се расфрла со буџетски пари, во време кога општина Битола тоне во долгови. Училиштата немаат греење и работат со скратени часови, а сметките веќе со месеци им се блокирани. Доблесно е Талески да излезе и да каже колку чини филмот за неговото саморекламирање и колку буџетски пари дополнително ќе се фрлат за презентација и емитување на филмот низ медиумите“, вели Ковачевски.
Ова не е кампања, туку отчет пред граѓаните. Нашата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ се уште нема кажано кои ќе бидат кандидатите за иднинте локални избори.

Талески кој аплицираше за кандидат за градоначалник на интерниот конкурс на ВМР0 –ДПМНЕ, изјави дека филмот не е дел од неговата предизборна кампања, туку општински проект за презентација на сработените проекти пред граѓаните.

„Ова не е кампања, туку отчет пред граѓаните. Нашата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ се уште нема кажано кои ќе бидат кандидатите за иднинте локални избори. Доколку јас ја имам можноста за кампања сето ова што го покажаме предвреме добро ќе го искористиме“, изјави Талески.

Тој не откри колку пари општината потроши за изработката на видео материјалот.

„Филмот е по нарачка на општина Битола, за да дадеме отчет пред граѓаните за сработеното. Не знам колку чинеше, можеме да провериме. Не знам што е спорно, не само што има право туку и обврска е на локалната самопуправа да изнајде начин и форми да се претстави пред граѓаните што направила зашто безобразието и дрскоста на опозицијата оди до таму што тие кажуваат дека ништо не направила локалната самоуправа“, изјави Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG