Достапни линкови

logo-print

Панета: Верувам дека Асад ја разбра пораката


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета денеска изјави дека разузнавачките служби не забележале нови движења кои би укажале на можноста во Сирија да се употреби хемиско оружје. Тој додаде дека службите ќе продолжат одблизу да ги набљудуваат случувањата во земјата и дека и понатаму јасно ќе истакнуваат дека под ниту еден услов режимот не смее да употреби хемиско оружје против својот народ затоа што тоа може да доведе до сериозни последици. Панета изјави дека сака да верува оти претседателот Башар ал Асад ја примил таа порака и дека истото го разбрале и останатите учесници во конфликтот.
XS
SM
MD
LG