Достапни линкови

Македонија – ЕУ евентуални преговори јуни 2013 година


Во нацрт-заклучоците на денешниот министерски Совет на ЕУ во Брисел, до кои дојде Радио Слободна Европа, во делот за Македонија, кои сè уште не се докрај усогласени меѓу другото е наведено:

„Со оглед на евентуалната одлука да се отворат преговорите за членство со поранешната југословенска Република Македонија во 2013 година што е предмет на одобрување на Европскиот совет, Советот ќе го испита напредокот во спроведувањето на реформите во контекст на дијалогот на високо ниво како и добрососедски односи, кои ќе бидат презентирани на Комисијата во првата половина на 2013 година. Се повикува Комисијата навремено да поднесе предлог рамка за преговори со поранешната југословенска Република Македонија во согласност со заклучоците на Европскиот совет од декември 2006 година, кои исто така ги земаат предвид добрососедските односи.“
XS
SM
MD
LG