Достапни линкови

Франција бара формирање нова влада во Мали


Франција повика на формирање на нова влада во Мали, откако уапсениот премиер си поднесе оставка, која беше потикната од воената интервенција. Премиерот Шеик Модибо Диара во телевизиско обраќање на само неколку часа по неговото апсење соопшти дека заедно со владата си поднесува оставка. Тој беше уапсен во деговиот дом при обид да ја напушти земјата и да отпатува во Франција.
Портпаролот на француското министертво за надворешни работи Филипе Лалиот изјави денеска дека развојот на настаните во Мали ја истакнуваат потребата за брзи распоредување на африканските сили за стабилизација.
XS
SM
MD
LG